+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во декември 2011 година

среда, 25 јануари 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската
состојба на деловните субјекти во декември 2011 година како поповолна во однос на претходниот
месец, како и во однос на декември 2010 година. Оценката за обезбеденоста на производството
со порачки е на исто ниво како и претходниот месец. Обемот на производството во декември 2011
година бележи пад во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството
во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во декември
2011 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и
репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во декември 2011
година се намалени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите
на деловните субјекти во декември 2011 година изнесува 59,8% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во декември 2011 година имаат
следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,8%, недоволната домашна побарувачка
со 17,4%, финансиските проблеми со 12,5% и неизвесното економско опкружување со 9,4%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика