Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2012 година
петок, 24 февруари 2012
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во јануари 2012 година како поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на јануари 2011 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството во јануари 2012 година е на исто ниво како и претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во јануари 2012 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во јануари 2012 година се намалени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2012 година изнесува 59,5% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во јануари 2012 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22,2%, недоволната домашна побарувачка со 18,5%, финансиските проблеми со 12,0% и неизвесното економско опкружување со 8,7%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 847
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика