+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2012 година

среда, 25 јули 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на
деловните субјекти во јуни 2012 година како понеповолна во однос на претходниот месец,како и во однос
на јуни 2011 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на
претходниот месец. Обемот на производството во јуни 2012 година е понеповолен во однос на претходниот
месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата
за бројот на вработените. Во јуни2012 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните
набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во јуни
2012 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на
деловните субјекти во јуни 2012 година изнесува 58.1% од нормалното искористување. Најголемо влијание
на ограничувањето на обемот на производство во јуни 2012 година имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 22.3%, недоволната домашна побарувачка со 17.5%, финансиските проблеми со 13.1%
и неизвесното економско опкружување со 8.8%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика