Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во декември 2012 година

петок, 25 јануари 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на
деловните субјекти во декември 2012 година како поповолна во однос на претходниот месец, a како понеповолна
во однос на декември 2011 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во
однос на претходниот месец. Обемот на производството во декември 2012 година е поповолен во однос на
претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, а
очекувањата за бројот на вработените се исти како и во претходниот месец. Во декември 2012 година, залихите
на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу
нормалата. Залихите на готови производи во декември 2012 година се зголемени во споредба со претходниот
месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2012 година изнесува
59.7% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во
декември 2012 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.6%, недоволната
домашна побарувачка со 16.0%, финансиските проблеми со 14.6% и неизвесното економско опкружување со
9.5%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика