+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2013 година

понеделник, 25 февруари 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на
деловните субјекти во јануари 2013 година како поповолна во однос на претходниот месец, a како понеповолна
во однос на јануари 2012 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во
однос на претходниот месец. Обемот на производството во јануари 2013 година е поповолен во однос на
претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како
и очекувањата за бројот на вработените. Во јануари 2013 година, залихите на суровини и репроматеријали,
како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите
производи во јануари 2013 година се незначително зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното
искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2013 година изнесува 60,0% од нормалното
искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во јануари 2013 година
имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 27,5%, недоволната домашна побарувачка со
18,8%, неизвесното економско опкружување со 11,4% и финансиските проблеми со 9,5%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика