Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за употреба на градежни објекти

петок, 11 февруари 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2010 се издадени 129 одобренија за употреба на градежни објекти што е за 51.3% помалку во однос на истиот период од претходната година.

Според издадените одобренија за употреба на градежни објекти, проценетата вредност на објектите изнесува 1 271 712 илјади денари што е за 21.1% помалку во однос на истиот период од претходната година.

Според издадените одобренија за употреба на градежни објекти, 106 (82.2%) од вкупниот број на издадени одобренија за употреба на градежни објекти се наменети за објекти од високоградба, 5 (3.9%) за објекти од нискоградба и 18 (13.9%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 129 објекти, на 104 (80.6%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 25 објекти (19.4%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период се издадени одобренија за употреба на 224 станови со вкупна површина од 20 326м2.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 751

е-пошта:  natasa.cenova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика