+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во областа на трговијата на мало за нивната економска состојба во првото тримесечје од 2013 година

четврток, 09 мај 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека
економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во првото тримесечје од
2013 година, е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2012 година година, а понеповолна во однос на
првото тримесечје од 2012 година.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во првото тримесечје од
2013 година е понеповолна во однос на четвртото тримесечје од 2012 година, a очекувањата за економската
состојба во наредниот период се на исто ниво како и во претходното тримесечје.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на првото тримесечје од
2013 година е зголемена во однос на претходното тримесечје.
Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се дека се на исто ниво во однос на четвртото
тримесечје од 2012 година, како и очекувањата за бројот на вработените.
Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во првото тримесечје од 2013 година забележале
намалување во однос на претходното тримесечје.
Во првото тримесечје од 2013 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за
продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето на
економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од 2013 година имале: слабата
побарувачка на купувачите со 44.3%, зголемената конкуренција со 12.7% и зголемената понуда на пазарот со
10.4%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика