+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во областа на трговијата на мало за нивната економска состојба во четвртото тримесечје од 2013 година

понеделник, 17 февруари 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека
економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во четвртото тримесечје
од 2013 година е поповолна во однос на третото тримесечје од 2013 година, а е поповолна и во однос на
четвртото тримесечје од 2012 година.


Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во четвртото тримесечје
од 2013 година е поповолна во однос на третото тримесечје од 2013 година, a очекувањата за економската
состојба во наредниот период се понеповолни во однос на претходното тримесечје.


Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на четвртото тримесечје
од 2013 година е зголемена во однос на претходното тримесечје.


Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се намалат, а очекувањата за бројот
на вработените се дека бројот ќе се намали во однос на третото тримесечје од 2013 година.


Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во четвртото тримесечје од 2013 година
забележале намалување во однос на претходното тримесечје.


Во четвртото тримесечје од 2013 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата
за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето на
економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2013 година имале: слабата
побарувачка на купувачите со 37.4%, друго со 14.9%, зголемената конкуренција со 12.5% и зголемената понуда
на пазарот со 10.5%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика