+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во областа на трговијата на мало за нивната тековна економска состојба во второто тримесечје од 2014 година

понеделник, 18 август 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека
економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во второто тримесечје од
2014 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2014 година, а е поповолна и во однос на второто
тримесечје од 2013 година.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во второто тримесечје од
2014 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2014 година, како и очекувањата за економската
состојба во наредниот период.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на второто тримесечје од
2014 година е зголемена во однос на претходното тримесечје.
Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се намалат, а очекувањата за бројот
на вработените е дека ќе се зголеми во однос на првото тримесечје од 2014 година.
Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во второто тримесечје од 2014 година се на
исто ниво како и во однос на претходното тримесечје.
Во второто тримесечје од 2014 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата
за продажните цени во нардените 3 месеци е дека ќе се зголемат. Најголемо влијание на ограчувањето на
економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2014 година имале: слабата
побарувачка на купувачите со 35.1%, зголемената конкуренција со 16.4%, зголемената понуда на пазарот со
15.0% и зголемените финансиски трошоци (камати) со 10.3 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 647

е-пошта:  dragan.nedelcin@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика