+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во областа на трговијата на мало за нивната тековна економска состојба во третото тримесечје од 2014 година

понеделник, 17 ноември 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека
економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во третото тримесечје од
2014 година е понеповолна во однос на второто тримесечје од 2014 година, а поповолна во однос на третото
тримесечје од 2013 година.


Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во третото тримесечје
од 2014 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2014 година, a очекувањата за економската
состојба во наредниот период е иста како и во претходното тримесечје.


Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на третото тримесечје од
2014 година е намалена во однос на претходното тримесечје.


Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се намалат, а очекувањата за бројот
на вработените се дека ќе останат на исто ниво како во претходното тримесечје од 2014 година.


Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во третото тримесечје од 2014 година забележале
намалување во однос на претходното тримесечје.


Во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со претходното тримесечје, очекувањата за продажните
цени во наредните 3 месеци е дека ќе се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето на економската
состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2014 година имале: слабата побарувачка на
купувачите со 33.2%, зголемената конкуренција со 22.5%, зголемената понуда на пазарот со 14.0% и зголемените
финансиски трошоци (камати) со 7.1%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика