+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во трговијата на мало, прво тримесечје од 2015 година

понеделник, 18 мај 2015


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало е
зголемен за 1.1 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 1.7 процентни поени e зголемен во
однос на истото тримесечје од 2014 година.
Економската состојба на деловните субјекти во првото тримесечје од 2015 година, во однос на четвртото
тримесечје од 2014 година е поповолна, а се очекува дека ќе биде поповолна и во наредните две тримесечја.
Количината на залихите е зголемена во однос на претходното тримесечје.
Финансиската состојба во првотот тримесечје од 2015 година е оценета како поповолна во однос на четвртото
тримесечје од 2014 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се зголемат, а
очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се намали.
Продажните цени во првото тримесечје од 2015 година се зголемени во однос на претходното тримесечје, а
очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се зголемат.
Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото
тримесечје од 2015 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 35.6%, зголемената понуда на пазарот
со 17.3% и зголемената конкуренција со 15.0%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика