+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во трговијата на мало, второ тримесечје од 2016 година

среда, 10 август 2016


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во
второто тримесечје од 2016 година е зголемен за 0.6 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а
за 1.7 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2015 година.


Eкономската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на
претходното тримесечје, а поповолна и во однос на второто тримесечје од 2015 година. Се очекува дека ќе
биде поповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е намалена во однос на претходното
тримесечје.


Финансиската состојба во второто тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на првото тримесечје од
2016 година, а оценката за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените
се дека ќе се зголемат.


Продажните цени во второто тримесечје од 2016 година се зголемени во однос на првото тримесечје од 2016
година, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се зголемат.
Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто
тримесечје од 2016 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 23.1%, зголемената конкуренција со
22.3% и зголемената понуда на пазарот со 20.1%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика