+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во трговијата на мало, трето тримесечје од 2016 година

четврток, 10 ноември 2016


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во
третото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0.5 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а
за 2.1 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2015 година.

 Eкономската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на
претходното тримесечје, а поповолна е и во однос на третото тримесечје од 2015 година. Се очекува дека ќе
биде поповолна и во наредните две тримесечја. Количината на залихите е незначително намалена во однос на
претходното тримесечје.

Финансиската состојба во третото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на второто тримесечје од
2016 година, а оценката за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените
се дека ќе се зголемат.

Продажните цени во третото тримесечје од 2016 година се намалиле во однос на второто тримесечје од 2016
година, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се намалат.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото
тримесечје од 2016 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 22.2%, зголемената конкуренција со
19.9% и зголемената понуда на пазарот со 18.0%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика