+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во трговијата на мало, четврто тримесечје од 2016 година

понеделник, 16 јануари 2017


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во
четвртото тримесечје од 2016 година е намален за 0.2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а
е зголемен за 1.6 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2015 година.
Eкономската состојба на деловните субјекти во четвртото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на
претходното тримесечје, а поповолна е и во однос на истото тримесечје од 2015 година. Се очекува дека ќе
биде понеповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е зголемена во однос на претходното
тримесечје.
Финансиската состојба во четвртото тримесечје од 2016 година е речиси на еднакво ниво како во третото
тримесечје од 2016 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се зголемат, а
очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се намали.
Продажните цени во четвртото тримесечје од 2016 година минимално се зголемиле во однос на третото
тримесечје од 2016 година, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се зголемат.
Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото
тримесечје од 2016 година имале: зголемената конкуренција со 22,0%, слабата побарувачка од купувачите со
20,5% и зголемената понуда на пазарот со 19,0%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика