Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во трговијата на мало, прво тримесечје од 2018 година

среда, 18 април 2018


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во првото
тримесечје од 2018 година е зголемен за 0.1 процентен поен во однос на претходното тримесечје, а зголемен за 1.1
процентeн поен во однос на истото тримесечје од 2017 година.


Eкономската состојба на деловните субјекти во првото тримесечје од 2018 година е понеповолна во однос на
претходното тримесечје, а поповолна и во однос на првото тримесечје од 2017 година. Се очекува дека ќе биде
понеповолна во наредните две тримесечја. Количeството на залихите е намалено во однос на претходното
тримесечје.


Финансиската состојба во првото тримесечје од 2018 година е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2017
година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е поповолнa, а очекувањата за бројот на вработените
се дека тој ќе се намали.


Продажните цени во првото тримесечје од 2017 година се зголемиле во однос на четвртото тримесечје од 2017
година, а се очекува нивно намалување во наредните 3 месеци.


Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје
од 2018 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 24.9 %, зголемената конкуренција на пазарот со 19.8 %,
зголемената понуда на пазарот со 12.9 % и недостиг на обучен кадар со 10.0 %.






  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 741

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика