+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во трговијата на мало, прво тримесечје 2019

понеделник, 22 април 2019


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во првото тримесечје од 2019 година е за 0.3 процентни поени повисок во однос на претходното тримесечје, а e зголемен за 0.9 процентни поени во однос на првото тримесечје од 2018 година.

Eкономската состојба на деловните субјекти во првото тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а e поповолна и во однос на истото тримесечје од 2018 година. Во наредните две тримесечја се очекува да биде понеповолна. Количеството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во првото тримесечје од 2019 година е понеповолна во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, како и оценката за очекуваните порачки за наредниот период. Очекувањата за бројот на вработените се дека тој ќе се намали.

Продажните цени во првото тримесечје од 2019 година се зголемиле во однос на претходното, а се очекува нивно намалување во наредните 3 месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од 2019 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 21.1 %, недостигот на обучен кадар со 20.0 %, зголемената конкуренција на пазарот со 17.3 % и зголемените трошоци за труд со 15.3 %.






  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика