+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во областа на трговијата на мало за нивната економска состојба во првото тримесечје од 2011 година

понеделник, 16 мај 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во првото тримесечје од 2011 година е понеповолна во однос на четвртото тримесечје од 2010 година, а многу поповолна во однос на првото тримесечје од 2010 година. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во првото тримесечје од 2011 година е понеповолна во однос на четвртото тримесечје од 2010 година, како и очекувањата за економската состојба во наредниот период.

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на првото тримесечје од 2011 година е зголемена во однос на четвртото тримесечје од 2010 година. Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се поповолни, а очекувањата за бројот на вработените во однос на четвртото тримесечје од 2010 година се понеповолни. Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во првото тримесечје од 2011 година забележале зголемување во однос на четвртото тримесечје од 2010 година. Во првото тримесечје од 2011 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е дека тие ќе се зголемат. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од 2011 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 39.3%, зголемената конкуренција со 15.3% и зголемената понуда на пазарот со 11.5%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика