+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во областа на трговијата на мало за нивната економска состојба во второто тримесечје од 2011 година

вторник, 16 август 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во второто тримесечје од 2011 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2011 година и поповолна во однос на второто тримесечје од 2010 година. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во второто тримесечје од 2011 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2011 година како и очекувањата за економската состојба во наредниот период.


Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на второто тримесечје од 2011 година е намалена во однос на првото тримесечје од 2011 година. Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените се поповолни во однос на првото тримесечје од 2011 година. Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во второто тримесечје од 2011 година забележале намалување во однос на првото тримесечје од 2011 година. Во второто тримесечје од 2011 година, во споредба со претходното тримесечје,оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се намалат. Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2011 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 41.6%, зголемена конкуренција со 14.6%, и зголемена понуда на пазарот со 13.1%.






  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика