Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во првото тримесечје од 2012 година е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2011 година, како и во однос на првото тримесечје од 2011 година.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во првото тримесечје од 2012 година е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2011 година, како и очекувањата за економската состојба во наредниот период.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на првото тримесечје од 2012 година е зголемена во однос на четвртото тримесечје од 2011 година.
Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се дека се понеповолни, а очекувањата за бројот на вработените се поповолни во однос на четвртото тримесечје од 2011 година.
Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во првото тримесечје од 2012 година забележале намалување во однос на четвртото тримесечје од 2011 година.
Во првото тримесечје од 2012 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се на исто ниво како во претходното тримесечје.
Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од 2012 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 33.2%, друго со 15.0%, зголемената конкуренција со 12.9 % и зголемената понуда на пазарот со 10.2%.