+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во областа на трговијата на мало за нивната економска состојба во третото тримесечје од 2012 година

среда, 07 ноември 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека
економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во третото тримесечје
од 2012 година е понеповолна во однос на второто тримесечје од 2012 година, а понеповолна и во однос на
третото тримесечје од 2011 година.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во третото тримесечје
од 2012 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2012 година, a очекувањата за економската
состојба во наредниот период се на исто ниво како во претходното тримесечје.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на третото тримесечје од
2012 година е намалена во однос на второто тримесечје од 2012 година.
Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период во однос на второто тримесечје од 2012 година,
се дека се малку понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработените.
Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во третото тримесечје од 2012 година забележале
зголемување во однос на второто тримесечје од 2012 година.
Во третото тримесечје од 2012 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за
продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се зголемат. Најголемо влијание на ограничувањето на
економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2012 година имале: слабата
побарувачка на купувачите со 35.1%, зголемената конкуренција со 16.3% и зголемената понуда на пазарот со
15.3%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика