+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во областа на трговијата на мало за нивната економска состојба во четвртото тримесечје од 2012 година

петок, 08 февруари 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека
економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во четвртото тримесечје
од 2012 година, е понеповолна во однос на третото тримесечје од 2012 година, а е поповолна во однос на
четвртото тримесечје од 2011 година.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во четвртото тримесечје
од 2012 година е понеповолна во однос на третото тримесечје од 2012 година, a очекувањата за економската
состојба во наредниот период се понеповолни во однос на претходното тримесечје.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на четвртото тримесечје
од 2012 година е зголемена во однос на третото тримесечје од 2012 година.Нивните оценки за очекуваните
порачки за наредниот период се малку понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработените, во однос
на третото тримесечје од 2012 година.
Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во четвртото тримесечје од 2012 година
забележале зголемување во однос на третото тримесечје од 2012 година.
Во четвртото тримесечје од 2012 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата
за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето на
економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2012 година имале: слабата
побарувачка на купувачите со 34.3 %, зголемената конкуренција со 17.4% и зголемената понуда на пазарот со
14.3%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика