Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Живородени деца, умрени лица и миграции според градски и селски подрачја, по региони, 2015 година

понеделник, 27 јуни 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на живородените деца
во градските подрачја изнесува 13 357 деца или 57.9% од вкупниот број на живородени деца, наспроти 9 718
живородени деца или 42.1% во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по
региони има Скопскиот со 34.9%, а најмало Источниот регион со 6.9%.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.4 години во градските подрачја наспроти
27.7 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања изнесува 28.0 години во градските
подрачја наспроти 25.3 години во селските подрачја. При првото раѓање, за 2.7 години е помлада мајката од
селските подрачја.
Бројот на умрени лица во градските подрачја изнесува 12 462 или 60.9%, наспроти 7 999 умрени лица или 39.1%
во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со
28,5%, а најмало Североисточниот регион со 8.5%. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 116,
додека во селските подрачја изнесува 82 доенчиња.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 72.4 години наспроти 73.2 години во
селските подрачја.
Учеството во природниот прираст кај населението од градските подрачја е 34.2% наспроти 65.8% од селските
подрачја. Во три региони има појава на негативен природен прираст и тоа во: Пелагонискиот, Источниот и
Вардарскиот регион.
Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од
34.0% имаат преселбите од село во град.
Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Североисточниот регион
со 42.4%., додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со
61.0%.
Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 1700 лица, а најмало во Југозападниот
регион - 57 лица.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика