Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Живородени деца, умрени лица и миграции во градските и во селските подрачја, по региони, во 2016 година

вторник, 27 јуни 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика (МАКСТАТ), во Република Македонија бројот на
живородените деца во градските подрачја изнесува 13 536 деца или 58.8% од вкупниот број живородени деца
наспроти 9 466 живородени деца или 41.2% во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број
раѓања, по региони, има Скопскиот со 36.8%, а најмало Источниот регион со 6.7%.


Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29.5 години наспроти
27.9 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28.1
години наспроти 25.6 години во селските подрачја. При првото раѓање, за 2.6 години е помлада мајката од
селските подрачја.


Бројот на умрените лица во градските подрачја изнесува 12 438 лица или 60.9% наспроти 7 983 умрени лица
или 39.1% во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има
Скопскиот со 29.3%, а најмало Североисточниот регион со 8.1%. Бројот на умрените доенчиња во градските
подрачја е 153 доенчиња, додека во селските подрачја изнесува 120 доенчиња.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 72.1 години наспроти 72.8 години во
селските или поголема старост имаат лицата умрени во селските подрачја.


Учеството во природниот прираст на населението од градските подрачја изнесува 42.5%, а 57.5% од селските
подрачја. Во три региони има појава на негативен природен прираст, и тоа во: Пелагонискиот, Источниот и во
Вардарскиот регион.


Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од
35.0 % имаат преселбите од село во град.


Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот регион со 46.8%,
додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби со 58.3%.


Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, а најмало во Полошкиот регион.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика