+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Енергија


Обновлива енергија по месеци, 2010 - претходни податоци –

среда, 30 ноември 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година Република Македонија произведуваше обновлива енергија од следните типови: дрво (огревно дрво, дрвени отпадоци и друг растителен отпад), геотермална топлина, хидроелектрична енергија и биодизел.
Во 2010 година, бруто-примарното производство на обновлива енергија се состоеше од: 748 023 м3 дрво (огревно дрво, дрвени отпадоци и друг растителен отпад), 3 384 243 м3 геотермална топлина, 2 429 283 MWh хидроелектрична енергија и 1 999 тони биодизел.
Најголеми потрошувачи на дрво во 2010 година (огревно дрво, дрвени отпадоци и друг растителен отпад) беа домаќинствата со 91%, а на останатите сектори отпаѓаат 9% од финалната енергетска потрошувачка (на дрвото).
Потрошувачката на огревно дрво и дрвени отпадоци во индустриските котлари и др. во 2010 година изнесуваше 1.03% од вкупната потребна енергија (на дрвото).
Најголем потрошувач на геотермална топлина во 2010 година беше земјоделството со 83.4%, а на останатите сектори отпаѓаат 16.6% од финалната енергетска потрошувачка (на геотермална топлина).
Загубите во дистрибуцијата на геотермална вода изнесуваа 10.45% од бруто примарното производство.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 662

е-пошта:  gjurgica.milosevska@stat.gov.mk  gjurgica.milosevska@stat.gov.mk
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика