+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Енергија


Обновлива енергија по месеци, 2009
- претходни податоци –


вторник, 30 ноември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година, од обновливата енергија, Република Македонија произведува: дрво (огревно дрво, дрвени отпадоци и друг растителен отпад), геотермална топлина, хидроелектрична енергија и биодизел.

Во 2009 година, бруто-примарното производство на обновлива енергија опфаќа: дрво (огревно дрво, дрвени отпадоци и друг растителен отпад) со 768 833 м3, геотермална топлина со 2 893 173 м3, хидроелектрична енергија со 1 270 349 MWh и биодизел со 575 тони.

Најголеми потрошувачи на дрво во 2009 година (огревно дрво, дрвени отпадоци и друг растителен отпад) се домаќинствата со 91.2% а на останатите сектори отпаѓаат 8.8% од финалната енергетска потрошувачка (на дрвото).

Потрошувачката на огревно дрво и дрвени отпадоци во индустриските котлари и др. изнесува 1.3% од вкупната потребна енергија (на дрвото).

Најголем потрошувач на геотермална топлина во 2009 година е земјоделството со 61.3%, а на останатите сектори отпаѓаат 38.7% од финалната енергетска потрошувачка (на геотермалната топлина).

Загубите во дистрибуцијата на геотермалната вода изнесуваат 6.7% од бруто-примарното производство.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 662; +389 2 3295 862

е-пошта:  gjurgica.milosevska@stat.gov.mk   stojna.maneva@stat.gov.mk
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика