Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Просечна цена на 1м2 станбена површина, 2017 година

петок, 23 март 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на 1 м2 станбена површина во 2017 година
изнесуваше 41 822 денари, што е за 2.9 % помалку во однос на 2016.


Во Скопје просечната цена на 1 м2 изнесуваше 43 710 денари, што е за 14. 0% помалку во споредба со 2016 година,
додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 32 001 денари, што е за 2.2 % помалку во споредба
со 2016.

 
Што се однесува до просечната цена на 1 м2 во второто полугодие од 2017 година, таа е намалена за 6.2 % во однос
на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 4.8 %.

 
Наведените просечни цени на 1 м2 станбена површина се без данок на додадена вредност.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 741

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика