Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2013 година изнесува
34 495, а бројот на ноќевањата изнесува 73 241.
Бројот на туристите во март 2013 година, во однос на март 2012 година, е зголемен за 7.5%, а бројот на
ноќевањата е зголемен за 10.2%.
Бројот на домашните туристи во март 2013 година, во однос на март 2012 година, е намален за 8.8%, а бројот
на странските туристи е зголемен за 18.4%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2013 година, во однос на март 2012 година, е намален за
4.5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 22.6%.
Во периодот јануари- март 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 2.8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.5%, а кај странските има зголемување
за 5.9%.
Во периодот јануари- март 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 4.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.4%, а кај странските има зголемување
за 6.9%.