Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2013 година изнесува
63 827, а бројот на ноќевањата изнесува 156 515.
Бројот на туристите во септември 2013 година, во однос на септември 2012 година, е зголемен за 5.6%, а бројот
на ноќевањата е намален за 5.9%.
Бројот на домашните туристи во септември 2013 година, во однос на септември 2012 година, е намален за
12.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 14.0%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2013 година, во однос на септември 2012 година, е
намален за 18.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 1.1%.
Во периодот јануари-септември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 4.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.4%, а кај странските има
зголемување за 12.7%.
Во периодот јануари-септември 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е намален за 0.8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 5.3%, а кај странските има
зголемување за 7.6%.