Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, февруари 2014 година

петок, 11 април 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2014 година изнесува
27 278, а бројот на ноќевањата изнесува 60 619.


Бројот на туристите во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, е зголемен за 6.6%, а бројот
на ноќевањата е зголемен за 3.9%.


Бројот на домашните туристи во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, е зголемен за
10.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 4.1%.


Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, е
зголемен за 3.6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4.2%.


Во периодот јануари- февруари 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 1.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.6%, а кај странските има
зголемување за 1.9%.


Во периодот јануари- февруари 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 0.3% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2.1%, а кај странските има
зголемување за 2.6%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295-754

е-пошта:  zlatko.mircevski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика