Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, септември 2020 година

четврток, 12 ноември 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2020 година изнесува 44 313, а бројот на ноќевањата изнесува 117 118.

Бројот на туристите во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, е намален за 63.9 %, а бројот на ноќевањата е намален за 57.5 %.

Бројот на домашните туристи во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, е зголемен за 33.7 %, а бројот на странските туристи е намален за 92.3 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, е зголемен за 26.0 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за   90.9 %.

Во периодот јануари ‒ септември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 60.4 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 20.7 %, а кај странските има намалување за 83.8 %.

Во периодот јануари ‒ септември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 46.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 14.1 %, а кај странските има намалување за 84.0 %.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика