Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2021 година изнесува 38 997,
од кои 45.5 % се домашни туристи, а 54.5 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во ноември 2021 година изнесува 90 693, од кои 49.3 % се од домашни туристи, а 50.7 % од
странски туристи.
Во периодот јануари - ноември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 52.0 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 19.6 %, а кај странските зголемувањето е за
145.6 %.
Во периодот јануари - ноември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 36.5 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.6 %, а кај странските зголемувањето е за
164.7 %.