Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2024 година изнесува 232 576, од
кои 48.6 % се домашни туристи, а 51.4 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во август 2024 година изнесува 911 478, од кои 74.3 % се од домашните туристи, а 25.7 % од
странските туристи.
Во периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 8.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.9 %, а кај странските има зголемување за
14.4 %.
Во периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е
зголемен за 5.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.6 %, а кај странските има зголемување за 9.3 %.