Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2024 година имало 55 371 турист, од кои 38.5 %
биле домашни, а 61.5 % странски туристи.
Во декември 2024 година биле остварени 113 490 ноќевања, од кои 41.2 % од домашните туристи, а 58.8 % од
странските.
Во периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 7.8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за
13.1 %.
Во периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 5.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.1 %, а кај странските има зголемување за
8.9 %.