Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2014 година изнесува
66 033, а бројот на ноќевањата изнесува 156 554.
Бројот на туристите во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, е зголемен за 3.5%, а бројот
на ноќевањата остана на исто ниво.
Бројот на домашните туристи во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, е намален за
1.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 5.1%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, е
зголемен за 0.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 0.3%.
Во периодот јануари- септември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 5.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.1%, а кај странските има
зголемување за 8.4%.
Во периодот јануари- септември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 1.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.8%, а кај странските има
зголемување за 6.3%.