Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, април 2015 година

петок, 12 јуни 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2015 година изнесува 52 298,
а бројот на ноќевањата изнесува 103 727.
Бројот на туристите во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е зголемен за 17.6%, а бројот на
ноќевањата е зголемен за 10.3%.
Бројот на домашните туристи во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е намален за 5.2%, а бројот
на странските туристи е зголемен за 30.9%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е намален за
5.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 22.2%.
Во периодот јануари-април 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 8.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 7.5%, а кај странските има зголемување
за 19.8%.
Во периодот јануари-април 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 2.8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 10.2%, а кај странските има зголемување за
13.7%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295-754

е-пошта:  zlatko.mircevski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика