Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2015 година изнесува 82 084, а
бројот на ноќевањата изнесува 170 943.
Бројот на туристите во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, е зголемен за 7.4%, а бројот на ноќевањата
е намален за 0.1%.
Бројот на домашните туристи во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, е намален за 2.8%, а бројот на
странските туристи е зголемен за 12.6%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, е намален за 9.2%,
а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5.8%.
Во периодот јануари-мај 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е
зголемен за 8.3% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6.0%, а кај странските има зголемување за
17.0%.
Во периодот јануари-мај 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 1.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 9.9%, а кај странските има зголемување за
10.6%.