Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2016 година изнесува
69 412, а бројот на ноќевањата изнесува 155 719.
Бројот на туристите во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, е зголемен за 12.6%, а бројот
на ноќевањата е зголемен за 9.3%.
Бројот на домашните туристи во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, е зголемен за 12.3%,
а бројот на странските туристи е зголемен за 12.8%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, е
зголемен за 13.5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 6.4%.
Во периодот јануари - октомври 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 5.0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.3%, а кај странските има
зголемување за 4.8%.
Во периодот јануари - октомври 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 2.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.7%, а кај странските има
зголемување за 1.3%.