Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2016 година изнесува
44 162, а бројот на ноќевањата изнесува 97 980.
Бројот на туристите во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е зголемен за 5.7%, а бројот на
ноќевањата е зголемен за 3.4%.
Бројот на домашните туристи во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е зголемен за 5.3%,
а бројот на странските туристи е зголемен за 5.9%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е
зголемен за 7.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 0.1%.
Во периодот јануари-ноември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 5.0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.3%, а кај странските има
зголемување за 4.8%.
Во периодот јануари-ноември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 2.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.9%, а кај странските има
зголемување за 1.2%.