Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, април 2017 година
понеделник, 12 јуни 2017
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2017 година изнесува 68 047, а бројот на ноќевањата изнесува 140 081. Бројот на туристите во април 2017 година, во однос на април 2016 година, е зголемен за 18.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 18.6%. Бројот на домашните туристи во април 2017 година, во однос на април 2016 година, е зголемен за 15.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 19.6%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2017 година, во однос на април 2016 година, е зголемен за 15.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 21.1%. Во периодот јануари - април 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9.4%, а кај странските има зголемување за 11.4%. Во периодот јануари - април 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.4%, а кај странските има зголемување за 14.6%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика