Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, август 2017 година
четврток, 12 октомври 2017
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2017 година изнесува 188 758, а бројот на ноќевањата изнесува 766 844. Бројот на туристите во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 20.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.4%. Бројот на домашните туристи во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 3.4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 46.5%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 1.6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 41.9%. Во периодот јануари-август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15.8%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6%, а кај странските има зголемување за 22.7%. Во периодот јануари-август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11.3%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.4%, а кај странските има зголемување за 22.6%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика