Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Бројот на туристите во февруари 2010 година, во однос на февруари 2009 година, е намален за 6.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 4.9%

вторник, 13 април 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2010 година изнесува 26 048, а бројот на ноќевањата изнесува 61 000.

Бројот на домашните туристите во февруари 2010 година, во однос на февруари 2009 година, е намален за 5.8%, а бројот на странските е намален за 6.8%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2010 година, во однос на февруари 2009 година, е зголемен за 19.6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 9.3%.

Во периодот јануари-февруари 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 14.5% и тоа кај домашните туристи има намалување за 17.8%, а кај странските има намалување за 10.9%.

Во периодот јануари-февруари 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 11.6% и тоа кај домашните туристи има намалување за 10.9%, а кај странските има намалување за 12.6%.

Бројот на странските туристи во февруари 2010 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 8.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.0%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295-754

е-пошта:  zlatko.mircevski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика