Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Бројот на туристите во мај 2010 година, во однос на мај 2009 година, е
зголемен за 0.8%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 13.8%
понеделник, 12 јули 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2010 година изнесува 55 220, а бројот на ноќевањата изнесува 131 361.
Бројот на домашните туристи во мај 2010 година, во однос на мај 2009 година, е намален за 1.4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 3.0%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2010 година, во однос на мај 2009 година, е зголемен за 23.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4.0%.
Во периодот јануари- мај 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 5.4% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 6.1%, а кај странските е забележано намалување за 4.8%.
Во периодот јануари- мај 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.7% и тоа: кај домашните туристи зголемувањето изнесува 17.1%, а кај странските е забележано намалување за 5.6%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика