Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2019 година изнесува 54 826, а бројот на ноќевањата изнесува 112 770.
Бројот на туристите во март 2019 година, во однос на март 2018 година, е зголемен за 1.8 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.8 %.
Бројот на домашните туристи во март 2019 година, во однос на март 2018 година, е зголемен за 0.8 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 2.3 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2019 година, во однос на март 2018 година, е зголемен за 6.5 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2.4 %.
Во периодот јануари – март 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.9 %, а кај странските има зголемување за 0.7 %.
Во периодот јануари – март 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 0.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.9 %, а кај странските има намалување за 2.1 %.