Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2019 година изнесува 85 017, а бројот на ноќевањата изнесува 166 238.
Бројот на туристите во април 2019 година, во однос на април 2018 година, е зголемен за 2.9 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 1.3 %.
Бројот на домашните туристи во април 2019 година, во однос на април 2018 година, е зголемен за 6.5 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 1.5 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2019 година, во однос на април 2018 година, е зголемен за 3.3 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 0.1 %.
Во периодот јануари – април 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.4 %, а кај странските има зголемување за 1.0 %.
Во периодот јануари – април 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 0.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.4 %, а кај странските има намалување за 1.3 %.