Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2019 година изнесува 119 334,
а бројот на ноќевањата изнесува 264 821.
Бројот на туристите во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 16.6 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 8.9 %.
Бројот на домашните туристи во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 15.7 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 16.9 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 7.2 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9.6 %.
Во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2 %, а кај странските има зголемување за 3.5 %.
Во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските има зголемување за 2.6 %.