Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2019 година изнесува 97 347, а бројот на ноќевањата изнесува 200 027.
Бројот на туристите во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, е зголемен за 16.9 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9.6 %.
Бројот на домашните туристи во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, е зголемен за 11.3 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 19.3 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, е зголемен за 2.7 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13.7 %.
Во периодот јануари – октомври 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 4.5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.8 %, а кај странските има зголемување за 6.1 %.
Во периодот јануари – октомври 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.1 %, а кај странските има зголемување за 5.2 %.