Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, февруари 2011 година
вторник, 12 април 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2011 година
изнесува 27 155, а бројот на ноќевањата изнесува 63 351.
Бројот на туристите во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, е зголемен за 4.2%, а
бројот на ноќевањата е зголемен за 3.9%.
Бројот на домашните туристи во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, е намален за
6.7%, а бројот на странските туристи е зголемен за 14.8%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, е
намален за 8.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 19.5%.
Во периодот јануари-февруари 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 6.4% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.7%, а кај странските има
зголемување за 14.8%.
Во периодот јануари-февруари 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 0.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 9.5%, а кај странските има
зголемување за 15.0%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295-754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика