Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Туризам и угостителство


Туризам, декември 2010 година

понеделник, 14 февруари 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2010 година изнесува 34 370, а бројот на ноќевањата изнесува 64 260.

Бројот на туристите во декември 2010 година, во однос на декември 2009 година, е зголемен за 26.5%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 19.9%.

Бројот на домашните туристи во декември 2010 година, во однос на декември 2009 година, е зголемен за 48.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 7.1%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2010 година, во однос на декември 2009 година, е зголемен за 30.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9.2%.

Во периодот јануари- декември 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 0.3% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 1.2%, а кај странските е забележано зголемување за 1.0%.

Во периодот јануари- декември 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 3.9% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 3.7%, а кај странските е забележано намалување за 4.2%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295-754

е-пошта:  zlatko.mircevski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика