Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Туризам и угостителство
Туризам, април 2011 година
вторник, 14 јуни 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2011 година изнесува 37 142, а бројот на ноќевањата изнесува 87 413.
Бројот на туристите во април 2011 година, во однос на април 2010 година, е зголемен за 2.8%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 1.3%.
Бројот на домашните туристи во април 2011 година, во однос на април 2010 година, е намален за 16.9%, а бројот на странските туристи е зголемен за 19.8%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2011 година, во однос на април 2010 година, е намален за 18.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 29.0%.
Во периодот јануари - април 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.7% и тоа кај домашните туристи е забележано намалување за 4.3%, а кај странските зголемување за 20.5%.
Во периодот јануари - април 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.1% и тоа кај домашните туристи е забележано намалување за 9.7%, а кај странските зголемување за 24.0%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 754
е-пошта:
zlatko.mircevski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика