Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2011 година изнесува 56 094, а бројот на ноќевањата изнесува 129 420.
Бројот на туристите во мај 2011 година, во однос на мај 2010 година, е зголемен за 1.6%, а бројот на ноќевањата е намален за 1.5%.
Бројот на домашните туристи во мај 2011 година, во однос на мај 2010 година, е намален за 18.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 20.8%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2011 година, во однос на мај 2010 година, е намален за 17.4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 17.0%.
Во периодот јануари - мај 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6.4% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 9.1%, а кај странските има зголемување за 20.6%.
Во периодот јануари - мај 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 12.2%, а кај странските има зголемување за 21.6%.